Маж на возраст од 45 години утрово е пронајден мртов во автомобил „Форд“ во авто-кампот „Андон Дуков“ во Охрид.

Policija1

Случаен минувач го забележал телото и пријавил во полиција.

Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото, а телото е предадено на обдукција. Според првичните сознанија, на телото нема траги на насилство, но сепак обдукцијата ќе го даде конечниот наод дали се работи за природна или евентуално станува збор за насилна смрт.

 

Слични содржини