Граданачалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денес излезе со став во врска со вчерашната бомба што ја објави Заев за фунционерите на ДУИ, пренесе Лајм.

a6f838f0ef99ef2a7fcab07e1231e40e_L

Тој вели дека вчерашниот разговор во врска со објектот на ДУИ што се наоѓа кај трговскиот центар Мавровка, која според него, не се упортебувал, по што бил продаден.

– Оваа канцеларија зад нас, е имот на ДУИ, и тенденцијата за да се биде презентиран напорот на Али Ахмети како продавач на партиски имот како коруприан криминал, донесува осомненија дека во Вистината за Македонија не станува збор за прислушкуваните разговори, туку станува збор на презентациите и во тенденциозните интерпретации. Документите кои што ви ги презентирам денес сведочат дека овој објект е имот на ДУИ, кој за жал никогаш не бил ставена на употреба од партиските органи, така што сме одлучиле да го продадеме и со тие пари да обезбедиме помали канцеларии за партиските органи. Бизнисменот споменат во нелегалните прислушкувани разговори како потенциален купувач е Фатмир Моладаути – изјави денеска граданачалникот на општина Чаир, Изет Меџити.

ДУИ останува на ставот да се објават сите евенуални прислушкувани разговори, но бара тоа да не бидат намерни погрешни интерпретации.

Слични содржини