Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот и украинскиот претседател Франсоа Оланд и Петро Порошенко пристигнаа во Минск, каде денеска ќе учествуваат на разговорите за разрешување на кризата на Украина.

Ukraine peace negotiations in Minsk

Учеството на самитот го потврди и рускиот претседател Владимир Путин.

Разговорите ќе се водат во Палатата на независноста во Минск по 18 часот по локално време, во така наречениот нормандиски формат (Германија, Франција, Русија и Украина).

Меркел и Оланд утрово имаа повеќе телефонски разговори, анализирајќи ја ситуацијата и планираат да вложат максимални напори за постигнување на успех во преговорите,

– Разговорите ќе бидат многу тешки. Пресудно е да се спречи војна во Европа. Договорот би требало да е постигнат, а не само да функционира само на хартија. Потребно е да биде применет, посочи шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус.

Слични содржини