Извршниот директор на Фондацијата отворено општество Македонија Владимир Милчин, на својата функција ќе остане до 30 јуни. Тој тоа го потврдил за телевизијата Алфа.

Во краткиот одговор за Алфа, Милчин објаснил дека е очигледна причината за неговото повлекување – неговата возраст. Познатиот режисер и граѓански активист има 68 години.

Алфа вели дека само новинарот Сашо Ордановски потврдил дека официјално е кандидат за нов директор на фондацијата на Џорџ Сорос.

Слични содржини