Меѓународниот олимписки комитет (МОК) нема да прифати оваа недела решение за отстранување на сите руски спортисти од започнувањето на 5 август на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Тоа го објавија “Матч ТВ”, “Советскиј спорт”, “Лента.ру” и други руски медиуми, повикувајќи се на различни извори.

7a04ec7b12f6ba78e635eca86306e74a

Одлуката на 15-члениот Извршен комитет на МОК кој заседавал во Лозана, веќе е донесена и се очекува да биде објавена од претседателот на МОК, Томас Бах во посебна телеконференција во 17 часот.

Во руските медиуми сепак преовладува радосен тон. “Одиме”, изјавил претседателот на рускиот олимписки комитет Виталиј Жуков.

Одлуката сепак не е сосема безусловно. Според “Лента.ру” е прифатена времена одлука: рускиот тим нема да биде отстранетво целина од игрите, но прашањето за учеството на одделните спортисти и тимови во различни видови спорт ќе биде предадено за решавање на одделните меѓународни спортски федерации.

Секоја од нив ќе треба да формулира свои барања, кои спортистите ќе мора да ги исполнат за да бидат примени во игрите.

Слични содржини