Стаклени шишиња со запалива материја ноќеска биле фрлени во два угостителски објекти во Скопје. Во инцидентите нема повредени, а сторителот е непознат.

Според информациите на МВР, утринава, во 4 часот, на заградена тераса од угостителски објект на ул. „Варшавска“ во Скопје непознат сторител фрлил стаклено шише со запалива течност, која се запалила и притоа од оганот биле зафатени две столчиња.

Во инцидентот нема повредени лица.

Во исто време, во ресторан на бул. „Илинден“ непознат сторител фрлил стаклено шише со непозната запалива материја при што бил опожарен еден чаршаф. Пожарот бил изгаснат од страна на сопственикот и од обезбедувањето.

Случајот бил пријавен од страна на сопственикот на двата угостителски објекти. Увид ќе се врши во текот на денот.

Слични содржини