При евентуално излегување од еврозоната и зачувување на политичката стабилност по референдумот Грција ќе стане многу привлечна за странските инвеститори,  изјави  за ТАСС првиот заменик министер за економски развој на Русија Алексеј Лихачов, откако стана јасно дека околу 60% од Грците се спротивставија на договорот со меѓународните кредитори.

20150705.leqikdeara

Во понеделник ќе има нови преговори меѓу Грција и земјите од еврозоната, но тоа не значи дека патот ќе биде последен. Ако Грција одлучи да излезе од еврозоната и да пушти во оптек своја национална валута, тоа ќе бара уште поактивни партнери надвор од ЕУ, објаснува економистот. “Покрај тоа, голем број на партнери ќе пројават зголемен интерес во овие контакти, бидејќи грчките средства ќе поевтинат и новите кредити ќе се договараат под други услови што ќе ја направи о Грција многу повеќе атрактивна во инвестициски однос земја, особено ако Ципрас ја стабилизира политичката ситуација. “, вели Лихачов. Во услови на политичка стабилност “сите земји од БРИКС ќе имаат интерес, за да ја зајакнат и  да направат интензивна соработката со Грција, пред сè во двостран формат. А откако ќе проработи и банката на БРИКС не е исклучено и соработка на Атина со оваа финансиска институција “, вели рускиот економски заменик-министер.

Слични содржини