Во оружен инцидент што се случил утрово во Клиничкиот центар во Скопје повредени се три лица. Како што објавија дел од медиумите, меѓу повредените е лекар од абдоменална хирургија откако во него пукал незадоволен пациент.

12218285_10207403577623616_1837255688_o

Полицијата досега привела три лица. Во моментот, на местото на инцидентот е присутна полицијата и го истражува случајот.

Според информамации на Локално мк станува збор за тројца напаѓачи  родени 1981,1985 и 1979 година сите од Скопје, кои пукале во дежурниот лекар  на абдоменална хирургија , лекарот Љ. О. (41) кој не успеал да ја спаси мајката која почнала.Неговата мајка била примена синоќа со тешка дијагноза по што итно била оперирана. Таа починала утрово во шок соба.

12235509_10207403577823621_1403280479_o

Кога нејзиниот син утрово дошол во клиниката, влегол во канцеларијата на дежурниот лекар и во него испукал 4-5 куршуми по што излегол. При тоа избуткал друг лекар кој во тој момент се нашол пред канцеларијата на дежурниот лекар и му се обратил со зборовите: „Бегај да не пукам и во тебе!“.

Лекарите денеска се револтирани и размислуваат во знак на револт да прекинат со операциите. . Тие се чувствуваат небезбедни на своите работни места.

Полицијата ги привела тројцата напаѓачи кои  се Албанци. Лекарот има две прострелни рани во едната нога.

Од МВР најавија подетални информации во текот на денот.

Слични содржини