Во светот постојано се отвораат нови галерии и музеи, а не сите од нив ги заслужуваат парите потрошени за билет.aebff476bfb1b06e547daacebfb626ef

Има, меѓутоа, и такви новооткриени музеи, кои треба да бидат посетени, не само поради своите интересни колекции и изложувања, но и поради самите згради во кои се сместени.

Обично тие се создадени од врвни архитектонски фирми и имаат навистина оригинален, впечатлив дизајн.

Пример за тоа е галеријата Whitworth “, која се наоѓа во Манчестер, Англија.

Неодамна галеријата, која е сместена во убав парк, беше обновена за сума од 15 милиони британски фунти од проектантската фирма MUMA од Лондон.

Архитектите создадоа две екстензии од стакло, нерѓосувачки челик и тула, но тие стојат многу добро до оригиналната зграда од 19 век.

Самата галерија може да се пофали со 125-годишна историја. Во неа најчесто има изложби на нетрадиционални дела на современи автори, избрани од кураторски тим од големи професионалци.

Покрај тоа тука има разновиден сет на стари дела направени врз хартија и текстил.

Оваа галерија е една од најзначајните во северниот дел на Англија.

Видете ги другите интересни нови музеи во галеријата.

177925e0bdf16afd631b78f1bddd57cd

Музеј “Ага Кан”
Дизајнот на овој музеј е дело на јапонскиот архитект Фумихико Маки. Овој музеј блесна кога ги отвори своите врати за првпат во Торонто (Канада) минатата есен. Тој е посветен на традиционалната исламска уметност и занаети, како и на муслиманската култура.

f5aa74a27c45fb89af690b662138bd8aОваа галерија “Андерсон” е дел од  Универзитетот Стенфорд и се наоѓа во Пало Алто, Калифорнија. Во неа има голема изложба посветена на американската уметност на 20 век. Дизајнот на зградата е со  едноставни линии, а во фасадата  има многу стакло и бетон, кои демонстрираат рамнотежа помеѓу корисноста и убавината.

a5f1baa24b93709d5b5fe94bcfe57f39Центарот за современи уметности “Arquipelago Contemporary Arts Center” се наоѓа во Рибиера Гранде, Португалија. Музејот е сместен во две камени згради, во напуштен комплекс од магацини. Се разбира зградата има многу реконструкции.c336843c73f6bab63b664ca501032592Фасадата од бел метал со стотици перфорации е новото крило на музејот на ликовни уметности во Бадахоз, Шпанија.

2047839b9dfc0ff2253cc782c7d6b01cПосетителите на новото крило на музејот “Moesgaard” во Данска можат да се прошетаат по неговиот зелен покрив. Зградата е  подземна и личи на структурата на праисториските домови. 

07d53b5ec993b0aaec20c9b3de900161Овој музеј се вика “Musée des Confluencesсе” и се наоѓа на местото каде што двете реките Рона и Саона во Лион, Франција, се спојуваат. Зградата е проект на австриската архитектонска фирма Coop HIMMELB.

aa3cd3c819b3d1857f5d73f626b84208Ова е новото крило на Кралската уметничка галерија “Mauritshuis” , која се наоѓа во Хаг, Холандија. Музејот е сместен во  зградата од 17 век, а новото крило е во стил Art Deco.

2ddaf0d7e43093a832a2403c2826e2d4Научниот музеј ” Science Hills Komatsu “ се наоѓа  во јапонскиот град Коматсо. Повеќето галериски  простории се под земја и имаат зелени покриви .

68839b7e2fd8711adf7f94b531d2cc74Овој музеј “Sterling and Francine Clark Art Institute”  е отворен кон крајот на минатата година и се наоѓа во  ВилимстаунМасачусетс.

Слични содржини