Министрите од земјите членки на НАТО донесоа денес клучно решение кое може да помогне за барем делумно совладување на бегалската криза во Европа. По наредба на Северноатлантскиот совет високиот командант на Алијансата ген. Филип Бридлав издал наредба до Втора постојана поморска група на НАТО да се придвижи на најбрз начин во Егејското Море и да започне операција за набљудување и разузнавање со цел прекинување на шверцот и миграцијата. Предметната НАТО флотила е базирана во моментов во Кипар и е под германска команда.

zx620y348_2702891

“Европа се соочува во најголемата бегалска и имиграциски криза од крајот на Втората светска војна. Таа е предизвикана од конфликтите и нестабилноста на нашата јужна граница, како и од криминалните мрежи, кои се занимаваат со шверц на настраданите луѓе. Штотуку се согласивме дека НАТО ќе обезбеди помош и поддршка во врска со оваа криза “, изјави денеска на пладне генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт Јенс Столтенберг. Тој прецизира дека операцијата ќе започне “без одлагање”, а барањето за нејзиниот почеток е упатена од Германија, Турција и Грција. Интересен детал во случајот е дека за време на првиот ден од самитот на НАТО Грција не присуствуваше меѓу иницијаторите.

Le Monde: Москва го принуди Ердоган да проголта горчливо апче

Според Столтенберг НАТО бродовите ќе се занимаваат само со разунавање и нема да запираат или одбиваат чамци со мигранти. Воената флотила сепак ќе работи во тесна соработка во крајбрежните гранични патроли на Турција и Грција, како и со европската агенција за гранична контрола Frontex. Исто така граничните бродови на Турција и Грција ќе работат единствено и само во сопствени територијални води. Неофицијално сепак сите мигранти кои се спасени од воената флота на Алијансата, ќе бидат вратени во Турција. Во моментов Втора постојана поморска група на НАТО располага со релативно скромни ресурси од редот на пет бродови. Според Јенс Столтенберг сепак неколку земји членки (на пример Данска) веќе изразиле желба да ја засилат флотилата со свои бродови.

Вклучувањето на НАТО може да одигра важна улога за намалување на миграционите притисоци над Европа, бидејќи патот во Егејското Море е најинтензивнаокористениот пат за трговија со луѓе. Од околу 1 милион мегалци и мигранти, кои пристигнале во Европа минатата година, околу 800 илјади дошле во Грција преку море, токму користејќи го предметниот пат. Ограничувањето на морскиот пат за имигрантите, сепак, најверојатно ќе го зголеми притисокот за преминување на копнените граници на Турција, вклучувајќи и на македонската и бугарската.

Зајакнување на Втора постојана поморска група на НАТО најверојатно ќе има и уште една паралелна задача – да ја закрепне стратешката рамнотежа на силите во Медитеранскиот регион, каде што во моментов оперира и руската флота, ангажирана во операцијата за поддршка на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Вооружените сили на Руската Федерација одржуваат исто така свои авиобази во сирискиот градови Татрус и Латакија, од каде нанесуваат воздушни напади против противниците на режимот во Дамаск.

Слични содржини