Наумов – Георгиева: Државата навреме да ги исполнува обврските кон приватниот сектор

од desk3

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, се сретна со извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева.

stopanska-komora-na-makedonija-i-naumov

На средбата зборувале за проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се во рамки на надлежностите на институции кои се поврзани со надлежностите на Министерството за финансии, како што се Управата за јавни приходи и Царинската управа.

– Беше истакната неопходноста од навремено исплаќање на обврските од државата кон приватниот сектор врз основа на извршени работи и услуги, како и поврат на средства врз основа на даноци, како услов за обезбедување на потребната ликвидност во стопанството. Заедничка беше определбата дека компаниите не смеат да трпат негативни последици од политичката нестабилност во државата  – се вели во соопштението од кабинетот на Наумов.

 

МЕТА

Слични содржини