kire-naumov

Банките кои заклучно со месец март 2016 година се сопственици на 46,46% од недостасаните државни хартии од вредност полека ја подигаат кочницата. На денешната аукција на државни записи и обврзници, Министерството за финансии не успеа да ја запише сумата што ја побаруваше врз основа на проспектите објавени на 26.04.2016 година. Станува јасно зошто каматните беа покачени за повеќе од 60% во последните 365 дена. Тоа беше единствената алатка преку која Министерот за финансии се трудеше да продолжи со темпото на задолжување зацртано од оваа власт.

Јавните финансии ни одблиску не се во состојба, каква креаторите на економските политики очајно се трудат да ја прикажат на граѓаните. Потврда за тоа денес пристигна и од финансискиот сектор.

Под притисокот од стручната јавност и од опозицијата, а секако и поради сопствените проценки, клиентите на домашниот пазар полека се повлекуваат од запишувањето на државни хартии од вредност, а со тоа се зауздува и галопирачкото темпо на јавниот долг, кој заклучно со месец март 2016 година изнесува 4.33 милијарди евра, односно 47.2% од БДП, доколку би се пресметувал според методологијата прифатена во земјите на Европската Унија.

Министерот за финансии најверојатно ќе се обиде кусокот да го надомести веќе со наредната аукција по која не доспеваат долгови за враќање, но затоа повторно ги потсетувам клиентите на домашниот пазар дека ниедна одлука во Министерството за финансии нема согласност од мене, како Дополнителен заменик министер за финансии. Исто така постапката пред Управниот Суд за задолжувањата на домашниот пазар сеуште не е завршена.

Темпото на задолжување мора да се намали.

Интегрален текст

Слични содржини