„По денешната најава од ДИК дека неможе да се прочисти избирачкиот список до 24 април многу е веројатно одложувањето на априлските избори.

janko-bacev-540x354

Затоа, НДМ апелира до Груевски и Заев да го преиспитат своето досегашно однесување заради доброто на државата и народот, а кое се сведува на меѓусебно кодошење кај странците и веднаш да седнат да ги решат двете преостанати спорни прашања за избирачкиот список и медиумите, на домашен терен, со домашна памет и домашно политичко единство.

Ја користиме приликата да ги прашаме Груевски и Заев, зарем не им е доволно поучен примерот со нивните претходиници Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски кои во Татковинската војна во 2001 одеа кај олеснувачите Пердју и Леотар и само се кодошеа еден со друг, заради што, по воената 2001-ва Македонија излезе поразена, понижена и посрамемна со немерливи последици до денешно време.

И во оваа прилика го реафирмираме нашиот предлог за едно преодно решение за медиумската сфера кое би важело само за следните избори, а кое е во функција на фер, демократски и регуларни избори.

Имено, апелираме за утврдување законска обврска за медиумите без финансиски надомест од партиите рамномерно на дневна основа да го распределат времето во 20-дневната изборна кампања на сите партии учеснички во изборите.

Меѓутоа, со цел, приватните медиуми да не трпат финансиска штета, следните избори целосно да се финансираат од буџетот, односно, на медиумите да им се додели еднократно утврден паричен износ од буџетот како обештетување заради тоа што рамномерно ќе го распределат времето во изборната кампања без надоместок од партиите кои учествуваат на изборите.

Значи, најважното прашање за медиумите и партиите ќе биде решено – медиумите финансиски ќе бидат обештетени, а партиите ќе добијат еднаков третман за време на 20-дневната изборна кампања“, се вели во соопштението на НДМ.

Слични содржини