Нема договор за петтиот член на ад-хок телото за контрола на медиумите

од Vladimir Zorba

koncensuz
Ад-хок телото кое треба да ги контролира медиумите во преизборниот период, попладнево соопшти дека не успеало да постигне консензус за избор на петтиот член, кој треба да биде припадник на албанската заедница.
Четворицата партиски членови, по двајца предложени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, цел ден расправаа токму за избор на петтиот член, но очигледно не бил пронајден заеднички став за ниту еден од пријавените кандидати.
Разговорите на четворицата членови на привремената комисија за следење на медиумското претставување за денеска завршија а нивното продолжување е најавено во текот на утрешниот ден. /извор Телма

Слични содржини