Ова е вистинит настан и се случува во денешно сегашно време, кога на власт е владеачката коалиција на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, кога има преодна влада, дупли обвинители-специјален и обичен, куп министри за полиција, главен и дополнителен, и уште владеат тие кои божем се сменети, и нема закон и ред.

лисици8

Зврлевски не ме послуша мене и остана глув на барањето да не го ослободува натрапникот кој аздисува и малтретира цела една населба во близината на Скопје. Зврлевски не го ни прочитал моето отворено писмо до него и по 24 часа притвор го испрати Тимче повторно да го чекаат со пушки сопствениците кои правдата ја земаат во свои раце, а полицијата игнорантски гледа на целата приказна која трае 7 месеци од првото обивање на првата викендица. Тимчо делото го повтори уште 80 пати или и многу повеќе затоа што добар дел не пријавуваат, бидејќи не ѝ веруваат на полицијата.

Сепак, Зврлевски експресно реагираше на извршителот на СЈО кој е приведен на информативен разговор, само поради тоа што му ја фотографирал куќата на екс шефот Сашо Мијалков.Значи, не ја ни допрел оградата, ниту влегол во куќата ама Зврле експресно реагира  и полицијата веднаш апси и приведува!?

Нејсе, во оваа Македонија поради бучкурушот од партиски војски, како што политичарите милуваат да го нарекуваат народ, или си полковник или си покојник,  патриот и антички или предавник, вмровец или комуњар, сè можеш и смееш, да бидеш  само обичен граѓанин не можеш и не смеешда се жалиш на обичен крадец и да бараш обичен полицаец, без алфи, специјалци и тигри со маски, така да дојдат да видат кај е и да го спречат. Наместо тоа сите кои беа, дојдоа и пројдоа на ова обивање, а ги имаше околу 30-40,што полицајци што инспектори, ќе дојдат ќе кренат рамена и ќе си појдат со надеж дека нема повторно да дојде.14813480_10154583697789804_149925498_n-1

Едни беа послободни и ми велеа „купи си куче да го раскине“, други „направи му индијанска замка“, трети„стави ловџиска стапица“, четврти„купи му и оставај му храна надвор секој ден за да не те обива“, а ниту еден не рече „господине бидете спокојни ние сме полиција, ќе го средиме тоа,само стрпете се“. Затоа и престанав да ги викам и добар дел од соседите престанаа да ги викаат, па почнаа да прават свои стражи и полиција и своја истрага.

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МАРКО ЗВРЛЕВСКИ – НЕ СПЕЦИЈАЛЕН, ТУКУ ОБИЧЕН ОБВИНИТЕЛ

Токму поради тоа му го пишав писмото на главниот обвинител, додуша не на специјалната, туку обичниот за обични криминали , ама тој изгледа го слуша само шефот ако  му ја снимаат  куќата, па за тоа апси, можеби и ако кивнеш пред неговите порти. Од друга страна на обичен граѓанин, што сам се мачел и заработувал и двоел од уста, како што вели народот, можеш и да  му кршиш, и да влегуваш и да му спиеш, и да му сечеш ограда,  е тогаш не мора да се апси- мала била штетата.

Е сега за последното апсење на Тимчо, да потенцирам дека воопшто  не е заслужна  полицијата. Него, замислете, го уапсиле тројца селски стражари кои со ловечки пушки  му направиле заседа, го фатиле и го предале на полицијата. Таа ем не може да го фати, ем по 24 часа повторно го пушти.

Тука нешто не е јасно?

Сакав да се уверам со свои очи и го чекав Тимчо да видам дали ќе го пуштат. Нешто по 14:30ч.излезе. Никогаш не сум го видел ама знаев кој е, ја носеше мојата торбица која ја украл од кај мене и мојот џемпер. timtso1Нема утка, тој е. Многу сакав да знам каде ќе отиде. Од полициската станица кога го пуштија си отиде право на автобуската со број 58, право во викенд населбата на Сопиште. И не ми е јасно кога го пуштија што му рекоа, дали пак да оди и да краде?

Обвинителите на Зврлевски не се за да се казнува нели, не правел голема штета, само ги тормози, им влегува во кревет на луѓето, зема  храна, крши врати и огради – сè од нужда, ама дали пробаа да најдат одговор. Сакам да знам, го испитуваа инспектори, можеби и психолог, зашто човекот ги повторува делата, специјален иследник за ваков тип на криминалци, социјален работник, или само да преспие 24 часа, на топло, му дадоа храна, цигара и гитла Тимчо, оди кради пак? И многу сакам да знам што му рекоа кога го пуштија?

Не ми е јасно затоа што го уапсија приватни стражи на селото, и сега помисли ли некој и од полицијата, ако е тоа така и ако тие ја вршат нивната работа за апсење, дека можеби ќе ја преземат и онаа за превоспитување или пукање во самоодбрана, како напад на службено лице.

 

Приказната е до толку подраматична затоа што тој Тимчо лузерот, воопшто не се бранел, дури им рекол „Пукајте бе, многу ми е гајле, ќе ме спасите!“

Така велат селаните, тие кои го фатиле им раскажуваат на другите кои го бараат под дрво и под камен да го казнат што им направил штета и што им влегува во домовите и викендиците.ograda

Затоа што на институциите не им е гајле, ние мора да го решиме, па муабетот оди „ако го фатам ќе го прекршам“, друг вели „рацете ќе му ги скршам, ми го собра алатот“, трет се фокусира на нозете и така натаму, во зависност од бесот и штетата. Има и такви што велат “Ама овој е врзан со полицијата,има нешто што не го казнуваат“, затоа што никој не може да разбере дека прави штети редовно, не е само храна, а никој не може да го стави во затвор, повеќе од 24 часа и повторно го пуштаат и повторно граѓаните се ограбени, нервозни и бесни.

Останува отворено прашањето, чија е вината?

Законите, незаинтересираност за маката на обичниот граѓанин (бидејќи нашата полиција знае да апси и ако му  ја погледнете куќата на Мијалков, екс шефот на полицијата, а камоли да му влезеш во двор), некомпетентни луѓе во институциите, необучени иследници, послушничко судство и обвинителство – каде е вината!?

Проблемот со овој човек, некаде околу 35 годишен, ќе се надмине ако се анализира причината, се дефинира проблемот и да се најде решение. Тоа не еработа на полицаецот, ама тој треба да ги штити граѓаните од другите, но и да го штити граѓанинот од самиот себе. Социјалните работници треба да видат што понатаму, каква рехабилитација. Институциите мора да имаат решение и за криминалец, и престапник во обид, тој има право да добие уште една шанса дури и кога тоа го прави (не)намерно.

Неговото претепување не е решение. Со насилие врз друг неможе да решавате насилие врз себе – кој е посилен е релативна работа, кој од која позиција гледа. Затоа се бара ред и поредок, систем еднаков за сите- тоа мора  да го знаат тие кои ќе се борат и на овие избори – не себична борба за себе и за мојот мир, туку ред за сите.Ова досега се гледа дека не функционира или ете го Тимчо може да краде и да уништува, крши и да го злоставува туѓиот спокој и мир, а друг само што ја погледнал куќата на шефот при вршење на своја работна задача, па оди во притвор и среќа што има кој да го извлече. Тој што треба да е во притвор на слобода, тој што треба да е на слобода го затвораат. Што е испревртено во оваа наша чудесна Македонија?

Тимчо ја оправи назад, како и секој „криминалец“ кој се враќа на местото на злосторството. Горе го чекаат. Полицајците се мирни 24 часа го притвориле-други го пуштиле. Во обвинителството на Зврле се мирни-за паштета не се затвора човек. Сега останува непозната кој е и што го чека таму горе? Што ќе биде новиот случај или тој ќе биде случај?

пишува: Драган Антоновски

Продолжува….

 

 

 

 

 

Слични содржини