Промените извршени од Ердоган се многу тажни и опасни, смета Чомски.

comski

Познатиот филозоф и активист Ноам Чомски go критикуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за извршување на опасно неподносливa политика во однос на турскиот и курдскиte народи во Турција.

Во интернет преписка со новинската агенција “Џејхан” Чомски напиша: “Политиките на [Ердоган] се движат во опасна насока, кон сурови репресии и зголемување на авторитаризмot”. Кон Ердоган се пренесени повеќе критики од продемократските средини како во Турција, така и во странство, за ограничените лични слободи во земјата и подмачкувањето на несогласувањето, објави вesnikot “Тудејс Заман”.

Чомски рече дека во почетокот на векот изгледаше дека Ердоган ja движи Турција кон поголема отвореност и демократија, но правецот се промени неколку години подоцна. “Ова се многу тажни и сериозни промени. Истото се однесува и за зголемување на неговите репресии кон Курдите, а исто така и неговите активности во Сирија “, рече тој. Кога неговата Партија на правдата и развојот (АКП) дојде на власт во 2002 година, Ердоган, кој беше лидер на партијата до неговиот избор за претседател во август 2014 година, доби пофалби и поддршка на многу луѓе во текот на првиот и вториот менаџерски мандат на неговата партија за проширување на слободите во земјата, реализирањето на демократските реформи и лансирање на преговорите на Турција за влез во ЕУ.

Запрашан какви се изгледите за граѓанска војна во Турција во врска со континуираното насилство во југоисточните региони на земјата поради судирите меѓу турските вооружени сили и терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК), Чомски одговори дека  za предвидувањето на човечки односи не е многу сигурен, но “тоа што се случува, зависи премногу од волја и избор. ” “Се надевам дека турскиот народ ќе одговори на тековните случувања преку обновување на ветувачки чекори кои биле преземени претходно овој век”, истакна тој. Чомски беше еден од над 1000 научници кои неодамна беа остро критикувани поради потпишувањето на петиција критика на  полицискиот час и воените операции во населените претежно од Курди југоисточни области на Турција. Петицијата вели дека е нарушено т правото на живот. Турција е обвинета за “намерно убивање и депортација” на курдски и други граѓани на регионот, повикува до регионот да биде даден пристап на независни домашни и меѓународни набљудувачи. Документот повикува Владата да подготви условите за да може да се одржат мировни преговори. Претседателот Ердоган ги нападна потписниците на петицијата, кои веќе надминаа 4.000, откако документот ја виде  виделината , обвинувајќи ги во прикажување на “менталитетот на колонијализмот” и дека дејствувале како “петта колона”. “Вие, т.н. интелектуалци, не сте просветлени луѓе, вие сте на темно. Вие не сте ништо од родот на интелектуалци”, им порачал Ердоган.

Слични содржини