115812
На барокните галии поставени во Вардар се појави и возен ред, според кој тие ќе пловат до разни дестинации. Возниот ред како што пишува, е на претпријатието „Јавна пловидба Скопје“, односно „Брод Сидро“, кое е подружница на ЈСП на Град Скопје-пренесува 24 вести

Освен домашните пловидби – Велес, Охрид, Гевеглија, Струга, има и приградски пловидби до Зелениково, Матка, каскада Влае, Треска и Маркова река, а на возниот ред има и патувања во странство, до Пустец и Подградец, а од меѓународните правци, има пловидба за Солун.

Станува збор за нова герила акција, по ајкулите во Вардар, дрвјата со очи и палмите со мајмуни, како критика на проектот „Скопје 2014“.

Извор: 24 вести

Слични содржини