“Исламска држава” има деноноќна компјутерска служба, која им помага на терористите од сите страни, и одговара на сите нивни прашања, се тврди во материјали на телевизија NBC и на весникот “Њујорк пост” .

20151117.jpmvdeozbb
Специјалисти по сајбер тероризам раскажуваат дека платформата на џихадистите користи шифриран начин за комуникација со клетките по целиот свет. Компјутерската служба на терористите постои о речиси една година. Експертите за анти-тероризам во светот се прилично загрижени, бидејќи нејзиниот систем им овозможува на терористите да го планираат секој своја чекор инкогнито. Податоци за системот се собрани по часови истражување од страна на Центарот за справување со тероризмот – независна истражувачка организација, со седиште во воената академија на САД Вест Поинт.

“Овие луѓе поддржуваат еден сет на различни компјутерски платформи, со кои можат да комуницираат еден со друг без да се загрижени дека некој може да трага по IP -адресите .Така мирно можат да пуштаат во различни делови на светот работи поврзани со пропагандата на нивните акции без да добиваат кривично гонење “, вели Арон Бредли, аналитичар на прашањата за тероризмот и сајбер -тероризма.

Тој додава дека сајбер можностите на “Исламска држава” и особено оваа деноноќна компјутерска служба имале клучна улога во подготовката на напади по целиот свет и вклучувајќи на злосторствата во Париз на петок-13. Само експерти од оваа служба ги набљудуваат и анализираат сите мерки за безбедност во зацртаната земја барем месец пред конкретниот удар и разработуваат планови како дури и најдобрата заштита и сајбер – заштита да се продупчи. Прават се, и сценарија за напад и разузнавање за местото.

Компјутерскиот оддел сепак има и втора функција, освен координација и помоп.Тој мобилизира и нови камикази. Тоа се одвива преку линкови на различни социјални мрежи и мислења преку страниците на поставени луѓе.

Слични содржини