Новото мнозинство одлучно за формирање на владата

од Vladimir Zorba

Новото парламентарно мнозинство е дециднo дека наскоро ќе следува процесот на формирање на демократските институции. СДСМ денеска го повика поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски итно да му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Талат Џафери. Од партијата на Заев, исто така, апелираа граѓаните да не подлегнуваат на сценаријата на Груевски кои се насочени кон уништување на демократските процеси и ја оддалечуваат земјата од евроатлантските интеграции.

“Парламентарното мнозинство е решено да воспостави функционални институции, владеењето на законот и на правдата. Насилството во парламент поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељановски, Митко Чавков и група на нивните соработници кои имаат единствена цел избегнување на одговорноста за извршените злосторства, вклучувајќи ги и оние во нападот во парламентот врз пратеници, новинари и вработени во Собранието не може да се повтори. За овие дејствија ќе има одговорност”. – велат од СДСМ

Вчера и новата спикер Талат Џафери потврди дека парламентарното мнозинство ќе продолжи со конституирање на другите органи на Собранието и на Владата веднаш по празникот.

“Како што веќе рековме, ќе продолжиме со активности кои произлегуваат од парламентарното мнозинство по празниците. Ова е ситуација која бара и се совпаѓа со потребата за создавање на нови институции кои мора да бидат функционални, стабилни и во согласност со законот ” – изјави Талат Џафери, Претседател на Собранието

Но, ВМРО-ДПМНЕ повторно се закани со народот дури и најави дека ќе го спречи планот за редефинирање на државата.

“Политичкото насилство на СДСМ може да резултира само со физичко насилство. Незаконскиот обид на криминалните структури на СДСМ да го самопрогласат Талат Џафери за спикер на парламентот беше директна провокација кон македонскиот народ. Ваквото срамно однесување на сервилните структури и заканите на СДСМ поттикнуваат гнев и ги иритираат граѓаните на оваа земја кои не се согласуваат со плановите за нејзино редефинирање и уништување ” – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера го релативизираше атакот врз Собранието од поддржувачите на неговата партија и истакна дека насилството врз Зоран Заев и Зијадин Села е резултат на нивните изјави./AlsatM

Слични содржини