Патниците од урнатиот во Египет руски авион Ербас А321 загинале од различни видови повреди. Ова се вели во резултатите од судско-медицинската експертиза со кои располага LifeNews.

0000281995-article2

Според информација на изданието експертите по судска медицина од Санкт Петербург ги разделиле загинатите во две групи. Во првата се оние, чии тела беа пронајдени во реонот на падот на главниот дел од авионот. Тие починале од загуба на крв, шок, откриени черепи-мозочни трауми и бројни скршеници.

Вторите, кои се наоѓале во задниот дел – кај опашката на авионот загинале од т.н. експлозивни трауми. Кај нив се дијагностицирани над 90% изгореници на ткивата, тврди LifeNews. Делови од изгорена ткива се анализираат за присуство на експлозивна материја. Експертите сепак веќе се обрнале внимание дека во многу од телата на загинатите, кои се наоѓале под опашката на авионот има честички од метал .

За моментов нема каква и да е официјална информација.

ТАСС јави дека експерти почнаа да ги анализираат информациите од црните кутити, на урнатиот авион. Истражувањето на уредите се одржува во Каиро. Извори од Египет соопштија порано дека на местото на несреќата на Синајскиот Полуостров се пронајдени предмети кои не се дел од конструкцијата на авионот. Воспоставено е нивното потекло.

Според информација на телевизиите CBS и NBC американски сателит кој работи на инфрацрвениот спектар, регистрирал “термичка дамка” над Синајскиот Полуостров во моментот, на кој во небото се наоѓал авионот на Когалимавиа. Се наведува дека стручњаците ги испитуваат податоците од сателитот за тоа каква би можела да е причината за “топлинско дамка”. Според информација на телевизиите една од можните причини може да е експлозија во резервоарот за гориво или моторот, а не се исклучува сепак и варијантата за детонирање на бомба. Од Пентагон не ја коментираат информацијата.

Слични содржини