Меркел најавува дека ќе го сопре влезот на бегалците и ќе почне со враќање од државата на ЕУ од каде што пристигнале. Словенија денеска подига ѕид на границата,за заштита од нов бран бегалци, а  од Македонија нема никаква информација имаат ли некаков план !? Засега официјален молк што се ќе прави Македонија, ако запре бранот и почнат враќања, и што е со правење центри за престој на подолго време!?

begalci_do_deca_i_torbi

Локално.мк пред неколку недели објави дека се бара од Македонја да понуди  кампови, и дека дури и се разгледувани капацитетите на воениот полигон Криволак каде дел од него би  треба да профункционира како еден од прифатните центри. Во игра се вкупно 5 прифатни центри  во кои  би биле сместени 20.000 бегалците, дознава Локално.мк. Од меѓународната заедница се инсистира тие да бидат бликсу до градовите, за да можат бегалците да се социјализираат да можат да се движат низ градовите, и да се интегрираат со населението.

Порака   во тој контекст упати УНДП претставничката во земјата Луиза Винтон, која напиша „Бидете подготвени да примате бегалци на подолг временски период“- ова било кажано од претставникот на Европската унија на донаторската средба за бегалците во Секторот за европски прашања.

Официјално: Следува голем бран бегалци- Словенија крева ограда против мигрантите!

Според наши  информациите  слична порака минатиот четврток, упатил евро-амбасадорот Аиво Орав и и  ја пренел и на државната секретарка во МВР.

Никој не прецизира дали навистина се барало од Македонија да обезбеди место за подолг престој на 20 илјади бегалци.Нема информација и за најновта сосотоја со ставот на Берлин  и оградата на Словенија која сака да  го спречи новиот бран од 30.000 бегалци кој трга од Грција.Експертите предупредуваат дека нема селекција на бегалците и меѓу нив има не само бегалци од војната од Сирија каде што се војува, туку од цела Африка и Блискиот Исток.

Берлин: Ќе ги враќаме мигрантите во првата земја од ЕУ!

Со извештајот за напредокот, Европската комисија препорачува три приоритети за Македонија, јакнење на капацитетите за мешовита економско-бегалска миграција и рано рано воочување на ранливите категории бегалци, потоа обезбедување на граничната контрола и спречување на трговија со луѓе и трето носење на нова анти-терористичка стратегија и мерки за спречување на радикализација.

Слични содржини