Турскиот Врховен совет за радио и телевизија денеска им ги одзеде дозволите за работа на сите радио и телевизиски станици за кои, наводно е утврдено дека се поврзани со верското движење Хизмет.

gjulen

Одлуката беше донесена на вонредна седница на Советот, по неуспешниот обид за воен удар, што се случи на 15 јули.

Турските власти ги обвинуват следбеници на муслиманскиот верски водач Фетхулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, за организирање на пучот. Тој негира дека е вмешан во обидот за воен удар.

Слични содржини