Policija-makedonija4-300x193

На 21.05.2015 година околу 15,45 часот на патниот правец Гевгелија-Скопје, кај м.в. „Чешмата“, полициски службеници при обид да сопрат и контролираат патнички автомобил марка „ауди“ со скопски регистерски ознаки и „БМВ“ исто така со скопски регистерски ознаки, возачот на патничкиот автомобил „ауди“ се обидел да ги прегази, по што со голема брзина се упатил кон Велес. Еден од полициските службеници, избегнувајќи го ударот, додека паѓал испукал еден куршум од автоматско оружје. Околу 16,30 часот патничкиот автомобил „ауди“ е пронајден на автопатот Гевгелија- Скопје, кај клучка кај село Караслари. Во возилото пронајдени се траги од крв и истото ќе биде дополнително вештачено. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. На местото на настанот биле присутни и инспектори од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди кои се вклучени во расветлување на истиот.

Слични содржини