tepanje тепање

На 24.09.2016 година околу 02,00 часот во Битола на ул.„Климент Охридски“, засега непознато маскирано лице со закана за употреба на нож, од Л.Т.(20) од Битола, одзел 600 денари и се упатил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 24.09.2016 година во 01.30 часот во ПС ОН-Центар, Ф.Г.(21) од Скопје, пријавил дека на 23.09.2016 година околу 23.45 часот на ул.„Јордан Мијалков“ во УО. „Златно Буренце“, додека седел со друштво, без повод и причина од страна на група машки лица, биле нападнати со стаклени шишиња во пределот на главата и со тупаници во пределот на телото. Во еден момент лицата го извлекле Ф.Г. од објектот и продолжиле со нападот, а откако паднал на земја, истите побегнале во непознат правец. Од страна СВР Скопје се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.09.2016 година околу 11.20 часот во Прилеп на ул.„Ердоган Шабановски“ полициски службеник од ПС Прилеп, при постапување по оперативна акција „Гора“, сопрел ПМВ „Лада Нива“ со непознати регистарски ознаки и уште едно возило, со кои се транспортирале огревни дрва. Додека вршел легитимирање на ПМВ „Лада Нива“, второто возило стартувало и го удрило полицискиот службеник нанесувајки му телесна повреда, а потоа го оштетило службено ПМВ „Шкода Јети“, по што се оддалечило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.09.2016 година во 00,05 часот во Штип на ул.„Гоце Делчев“ наспроти „Македонија Пат“, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Шкода Фабија“, сопственост и управувано од Б. К. (1974) од Штип, излетало надвор од коловозот и удрило во метален столб за улично осветлување, по што слетало покрај патот. Со возило на ИМП возачот бил пренесен во во ЈЗУ-Клиничка Болница – Штип каде му биле констатирани ТТП-фрактура на черепот, а поради сериозноста на повредите бил препратен во ЈЗУ-Клинички Центар – Скопје. Увид на лице место е извршен.

На 23.09.2016 година во 22.15 часот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село, на м.в„Леонидова чешма“, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Форд Ескорд“, управувано од Т.Т. (1971) од с.Банско – Струмица, Трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки управуван од Т.С.(1947) од с.Сушица и ПМВ„Форд Мондео“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(1983) од Струмица. Во незгодата со ТТП се здобил Т.Т., кој по укажаната лекарска помош во МЦ-Струмица бил препратен во УЦ-Скопје и се наоѓа во животна опасност, додека останатите двајца учесници се здобиле со ТП и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на лице место извршил ЈО и екипа од ПС за БПС-Струмица. Во времето од 22.50 до 03.00 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин за ТМВ, додека ПМВ биле пренасочени преку алтернативни патишта.

На 24.09.2016 година во 05.31 часот на делот од пругата помеѓу ЖС-Битола и ЖС-Никола Карев, поточно на излез од ЖС-Битола, се случила железничка незгода во која патничкиот воз бр.540 кој сообраќал на релација Битола – Скопје, со моторна гарнитура бр.711-001, сопственост на МЖ, управувана од машиновозачот Д.С.(1968) од Скопје, удрила во ПМВ„Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од машко лице, кое починало на лице место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини