policija

 

На 01.05.2016 година во 19,00 часот Р.Р. пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба, при што преку балконска врата влезено е во станот, направено е претурање и пребарување, и одземен е мал сеф во кои имало 16.000 евра и златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 01.05.2016 околу 02,15 часот во Битола на ул.„Партизанска“, во ноќен клуб „Расчекор“ од страна на поголема група на лица, извршено е насилство на тој начин што со употреба на шипки и стаклени чаши и шишиња почнале да удираат во клубот со што предизвикале чувство на страв и несигурност кај присутните, кои во паника го напуштиле објектот. Од страна на обезбедувањето од агенција за обезбедување, при обид да бидат спречени, биле физички нападнати од учесниците во насилството со употреба на физичка сила (тупаници и клоци) како и со стаклени шишиња, чаши и метални палки. Со насилството предизвикана е материјална штета од околу 100.000 денари. Во врска со настанот на 01.05.2016 година од страна на судија на претходна постапка, одредена е мерка притвор во траење од 8 дена на Ѓ.Т.(36), Ѓ.Ф.(23), А.А.(36), К.И.(21) и Б.С.(29) сите од Битола, а поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 01.05.2016 год. Во 17,15 часот на регионалниот пат Р-1304 с.Смојмирово-Виничка крстосница, кај м.в.Малешевска река, се случила сообраќајна незгода во која М.Т.(61) од Радовиш управувајќи ПМВ„Мерцедес“, со радовишки регистарски ознаки удрил во пешак на возраст од 14 години од Виница. По незгодата со возило за ИМП пешакот е пренесен  во Општа болница Кочани каде се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на десната потколеница и потрес на мозокот), а поради сериозноста на повредите е препратена  во  Клинички Центар-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Виница.

На 02.05.2016 година во 00,10 часот на ГП„Аеродром Александар Велики Скопје“ на влез во РМ, од страна на полициски службеник приведен е В.М.(42) од с.Брвеница-Тетово, на барање на Осовен Суд Тетово за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Во 02.00 часот лицето е предадено на ПО Петровец за понатамошна постапка.

Слични содржини