Странците конечно дознаа со кого си имаат работа. Голема е разочареноста кај сите меѓународни актери  и посредниц кои се вклучени во процесот за надминување на политичката криза во Македонија.

орав

Навистина е разочарувачки што обврската што ја преземаа лидерите во однос на крајниот рок од 6 октомври не беше испочитувана, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав, по синоќешната рунда преговори меѓу партиските работни групи за измените на изборното законодавство.

Ноќеска се очекуваше да биде постигнат договор за Изборниот законик, откако претходно околу 20 часот беше повлечен законот за необјавување прислушувани разговори од страна на пратениците Талат Џафери и Крсто Мукоски.

Орав пред вчерашното продолжение на разговорите во Клубот на пратениците изјави дека има напредок во преговорите и изрази очекување оти ќе биде постигнат договор.

Засега нема информации за исходот од последната рунда преговори од партиите вклучени во нив. Преговорите на кои присуствуваа амабасадорите на ЕУ Орав и на САД Џес Бејли, со посредство на белгискиот експерт Питер Ванхауте завршиле рано изутринаваоколу 04 часот.

Според извори од Работната група, има повеќе причини за ваквиот епилог: имало многу предомислувања за решенија кои претходно биле договорени, а потоа учесниците ја повлекувале поддршката за нив со став дека првично не ги разбрале добро или соодветно, и слични образложенија. Одолговлекувања во договарањето, несериозен однос кон дел од темите, исто така во голема мера ги одбележале ноќешните разговори. Од работната група не соопштуваат детали за кои прашања постоеле најмногу спротивставени ставови.

 

Поради ваквиот тек, а со цел да се излезе од ќорсокакот, најдоцна до утре,  работната група на маса ќе добие готов предлог за изборниот законик подготвен од странците.

Слични содржини