Oрландо Блум со емотивен поздрав за Миранда Кер: Мамо, те сакам!

од Vladimir Zorba

Орландо Блум објави eмотивен поздрав кон поранешна сопруга Миранда Кер. Моделот е мајка на 5-годишниот син Флин.

Под фотографијата, на која е прикажан натпис “Те сакам, мамо”, актерот напиша: “Среќен роденден на најубавата мајка, партнер во родителството и пријател”.

Орландо и Миранда се венчаа во 2010 година и една година подоцна се роди и нивниот син. По уште две години двајцата се разделија тивко и без скандали, а сега се добри пријатели.

Миранда не криеше дека страда од фактот дека веќе не се семејство и повеќе пати споделувала, дека секогаш ќе го сака Орландо.

Секој одамна тргнал по свој пат. Миранда се подготвува да се омажи за основачот на Snapchat Еван Шпигел, а Орландо ја заврши скоро врската со Кејти Пери и активно оди по состаноци.

Слични содржини