Партијата на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и по четири дена се уште се нема произнесено за изјавата на Албанската пратеничка од Партијата за правда, интеграција и единство, која рече дека Македонија не постои и е „стара албанска покраина и се вика Илирида“.

НОВА стапи во контакт со генералниот секретар на партијата Македонска алијанса за европско интегрирање, Васил Стерјовски, кој на прашањето дали ја осудуваат изјавата на Месила Дода, одговори „Еве ја осудуваме сега. Ние секогаш сме реагирале“.Кога го прашавме, зошто до сега не стигнало официјална реакција со осуда, ни рекоа да почекаме, по што ни спуштија слушалка и кога се обидовме повторно да ги добиеме, не ни одговараа на повиците, пишува НОВА

Дода, неодамна при посета на Дебар, рече дека Албанците од Илирида треба да бараат целосни права.

Партијата на  Едмонд Темелко е колиционен партнер токму на Дода-Илирида, и патриотски докажан  за гласања на изборите на страната на ВМРО ДПМНЕ.

Многу Албанци интелектуалци од Македонија ја осудија оваа иредентистичка и нарачана иритирачка изјава, што е далеку од ставот на официјална Тирана.

Слични содржини