Огромната футуристичка зграда на Европскиот парламент во францускиот град Стразбур би можела да се искористи како прифатилиште за бегалците, предлага лидерот на Партијата на зелените, Филипе Ламбертс.

evropski-parlament-poslanici-primanja-1369437052-315383
Како што пренесува „Би-Би-Си“, Ламбертс предложил членовите на Европскиот парламент да се преселат во зградата на парламентот во Брисел, а зградата во Стразбур да им се отстапи на бегалците.
Неговиот предлог доаѓа откако деновиве беа објавени предлог-мерките за распределба на 160,000 мигранти во земјите-членки на Европската унија.
– Овој парламент, каде што сме собрани денес, го користиме само 50 дена во годината. Во останатите 300 дена од годината, 750 канцеларии на членовите на парламентот, сите со греење и со тушеви, остануваат празни и бескорисни, рекол Ламбертс./МЕТА

Слични содржини