Погба повторно ја прокоментира неговата врска со Мурињо

од Vladimir Zorba

Французинот Пол Погба го коментираше неговиот однос со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, и ги негираше шпекулациите дека бил во конфликт со португалскиот специјалист.

„Немам проблем со Мурињо, не мислам дека има проблем со мене, тој ми даде голем број одговорности во голем клуб како Јунајтед“, изјави за британските медиуми Погба.

„Јас сум фудбалер и сакам да дадам се од себе, тој е тренер, мора да донесува одлуки, а јас сум само еден играч, морам да ги прифатам, морам да одговорам на теренот“, додаде играчот од средниот ред.

Слични содржини