САД се свесни дека ако достават оружје на Украина, ова ќе му даде повод на Путин да го пренесе конфликтот на територијата на цела Украина. Зошто тогаш Порошенко моли за таква помош, прашува DW.

0,,17681186_303,00

Претседателот на Украина Петро Порошенко gi повика САД да i се испорачаat на земјата 1 240 противтенковски ракетни комплексi Javelin. При тоа сигурно preсметувал дека во сегашната фаза Украина нема да добие никакво оружје од САД. Ваквиот потег би значел за администрацијата на Обама почеток на студена војна со Кремљ. Ако Украина добие Javelin, може да се покаже вовлечена во воени дејствија на целата своја територија.

Од што се плаши Обама?

Киев секогаш е потсетник на Вашингтон дека САД се гарант за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Да потсетиме дека во 1994 година официјални претставници на САД, Велика Британија и Русија го потпишаа таканареченио. Будимпештански Меморандум со кој Украина се откажа од нуклеарното оружје – за гаранции за безбедноста на земјата. Кога сега Порошенко зборува за 1 240 противтенковски ракетни комплекси, тој всушност го именува токму истото количество нуклеарни проектили од кои своевремено се откажа украинската страна.

Со амандман во буџетот за одбрана, во јуни годинава САД одобрија воена помош за Украина за 300 милиони долари. Украинските власти ја добија истата сума и во 2014 година. Оваа воена помош вклучува набавка на панцири, шлемови, транспортни средства, опрема за ноќно гледање, инженерска техника, патролни чамци, шатори и др. За смртоносни оружја воопшто не станува збор. Засега.

САД знаат дека ако во Донбас се појави американско хај оружје, тоа може да даде повод на Владимир Путин да го прошири конфликтот на територијата на цела Украина. Кремљ одамна се обидува да им инсталира на Русите дека Американците учествуваат во војната во источна Украина. Во духот на испробаните советски рецепти, руската пропаганда се труди да ги претстави САД како еден од креаторите на “киевската хунта”. Значи лансери Javelin нема да ги решат сите проблеми во односите меѓу Украина и Русија.

Заложници на Путин
Во САД гледаат поинаку на настаните во Донбас. Вашингтон се обидува да ја вразуми Русија со наметнување на трговски санкции и ограничување на правото на патување на одделни личности. Дел од сенаторите, на чело со Џон Меккејн, се залагаат за дотур на американско оружје за Украина. Едвај сепак нивната позиција ќе добие целосна поддршка во Сенатот и во Конгресот на САД. Американците прекрасно знаат дека сега Европа не е во состојба сама да го одврати Путин. Секаквите преговорачки формати – Минск, нормандски итн – Не постигнаа многу. А сите обиди на Вашингтон да учествува поактивно во решавањето на кризата во Донбас засега се неуспешни. Пред еден месец САД изјавија желба да се вклучат во “Нормандската четворка”. Но форматот 4 + 1 така и не стекна конкретни црти.

Очигледно Путин ја користи ситуацијата во Донбас за договор со Вашингтон и лидерите на европските држави. Самопрогласените Донбаска и Луганска народни републики се само марионети во неговите раце. И уште попрецизно – жителите на овие псевдорепублики се покажаа заложници на Кремљ. Путин тргува токму со нив, кога преговара со Барак Обама, Ангела Меркел и Франсоа Оланд.

Што цели Порошенко?

За Петро Порошенко е особено важно, периодично да го потсетува на Западот за обезбедените на Украина гаранции. Украинскиот претседател знае дека Владимир Путин е суптилен преговарач, а Русија е земја која живее по сопствени правила. И само моќни држави како САД се во можност да го застанат Кремљ во неговата агресивна политика.

Во Киев јасно се свесни дека нема лесни и едноставни решенија за конфликтот во Донбас. Бидејќи тој се зголеми енормно. Регионот е буквално преполн со оружје, постојат илјадници убиени и повредени, урнати се градови и села. Апсолутно очигледно е дека никој не може да го реши проблемот по воен пат. Со или без американските противтенковски ракетни комплекси.

Затоа треба да гледаме на молбата на Порошенко за испорака на 1 240 ракетни системи како на уште еден обид на Киев да го вовлече Вашингтон во активни преговори со Путин.

Слични содржини