Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека тој, украинската влада и Врховната Рада се подготвени да воведат вонредна состојба на територијата на цела Украина во случај на неуспех на самитот кој ќе се одржи подоцна денеска во Минск и во случај на ескалација на конфликтот во источна Украина, пренесоа светските агенции.

POR

“Се ќе зависи од исходот на самитот. На него ние или ќе постигнеме запирање на агресорот по дипломатски пат, или ќе има друг режим. Јас лично, владата и парламентот сме подготвени да воведеме воена состојба на целата украинска територија во случај на ескалација на конфликтот “, рече Порошенко, цитиран од Франс прес.

Оваа изјава тој ја даде за време на седница на украинската влада, кој се одржа непосредно пред Порошенко да отпатува за Минск за средба со лидерите на Русија, Германија и Франција.

Порошенко рече дека на средбата во Минск Украина и ЕУ ќе зборуваат со еден глас, додава Ројтерс.

Киев и ЕУ ќе излезат со исти барања во Минск, имено прекин на огнот во Украина без предуслови, дополнува ТАСС, повикувајќи Порошенко.

“Сакаме да живееме во мир и сакаме да спречиме агресијата”, рече претседателот, цитиран од агенциите.

Тој ја опиша средбата во Минск како најважна за него откако тој стапил во претседателската должност. Порошенко увери дека Украина ќе остане унитарна држава, дополнува ТАСС. Но истовремено со тоа, тој рече дека е подготвен да прифати каков било механизам за обезбедување на правата, какви што постојат во Сојузна Русија, посочува ТАСС. Порошенко додаде дека единствен државен јазик во Украина ќе остане украинскиот, пренесоа агенциите.

Тој нагласи дека за ова прашање не може да станува збор за никаков компромис, бидејќи 80 проценти од Украинците сметаат дека единствениот државен јазик е украинскиот.

Слични содржини