Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска го потпиша Законот за посебен статус на Донбас, со кој се предвидува дека посебниот статус ќе биде доделен откако ќе се спроведат локални избори според украинските закони и под контрола на набљудувачите од меѓународни организации.

Раководството на самопрогласената Луганска народна република Законот го оцени како доказ дека Киев не е е подготвен на дијалог.

Украинскиот Парламент во вторникот го одложи вовоедувањето на посебниот статус на локалните самоуправи во Донбас до спроведување на избори според украинските закони и го утврди списокот на региони на кои ќе се однесува законот за посебен статус. Врховната рада гласаше и териториите на Доњецката и на Луганската Област да се прогласат за привремено окупирани.

Законот за посебниот статус на Донбас вчера беше потпишан од претседателот на украинскиот Парламент, Владимир Гројсман.

Портопаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков вчера изјави дека одлуките на Врховната рада не придонесуваат за исполнување на Договорот од Минск, додавајќи оти е нелогично да се игнорира одговорноста на Киев за ситуацијата на теренот./МИА

Слични содржини