Романскиот парламент одби да му го одзеде имунитетот на премиерот Виктор Понта и така ја блокираше истрагата против него. Против барањето на обвинителството за борба со корупција гласаа 231 пратеник, а 120 беа „за“. Обвинителството сакаше да го истражува фалскификувањето на документи, криењето даноци и перење на пари во периодот 2007-2011 година, за дејствијата на Понта како адвокат и премиер.

ponta

Виктор Понта го отфрли барањето за оставка од претседателот Клаус Јоханиц, кој пак вчера го критикуваше „безодговорното“ однесување на левоцентристичкото мнозинство дека се претворило во штит на Понта. Јоханес  повтори дека единствениот излез од сегашната ситуација е оставка на премиерот.

Пред гласањето Понта изјави дека Владата ќе го преживее гласањето на недоверба кое е закажано за овој петок, а по барање на опозицијата.

„Ќе ги претставам сите документи, немав можност да го направам тоа досега, но сигурен сум дека сум невин“, изјави премиерот за странските телевизии.

Амбасадата на САД во Букурешт соопшти дека секое тврдење за нарушување на законот од страна на владини претставници треба да биде истражено без ничија интервенција, бидејќи законите важат за сите подеднакво.

Слични содржини