Домаќин на средбата е еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Неофицијално се дознава дека подоцна на преговорите ќе се приклучат и евроамбасадорот во Скопје, Аиво Орав, како и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Разговорите почнуваат со одвоена средба на Хан и на Заев во траење од 45 минути, која ќе почне во 11 часот, а околу 12.20 часот еврокомесарот ќе се сретне со Груевски.

Во делегацијата на Заев се и Рената Дескоска-Треневска и Радмила Шекеринска, а со премиерот Груевски се Мартин Протоѓер, Никола Попоски и Никола Тодоров.

Околу 13 часот се очекува политичките лидери заедно со Хан, европратеникот Иво Вајгл и со амбасадорите Орав и Бејли да седнат на заедничка маса и да ги решаваат крупните прашања околу политичката кризаобјави META.

Директните западни учесници во преговорите за надминување на политичката криза што денеска се случуваат во Брисел за порталот Нова, велат дека „би било навистина чудо доколку денес се дојде до договор“.

Според истиот извор, позициите на двете страни тешко можат да се доближат без оглед на сите ветувања на еврокомесарот Јоханес Хан за евроинтергација или работа според европските вредности.

Локално.мк, од  дипломатски извори, дознава дека денешнава средба најверојатно ќе биде потрошена на пеглање на довербата на Хан со опозицијата поради неговите изјави и  неисполнување на позицијата на неутрален преговарач.  Нема големи очекувања дека оваа средба ќе ги реши дилемите за излез од кризата, но мсе очекува да бидат расчистени дилемите околу преодната влада и транзицискиот период до најавените предвремни избори во Април.