Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и југозападните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

320_Budva_Becici_plaza_006_DSC9041

Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 13 до 21, а дневната од 29 до 36 степени, а УВ = 8.

 

Во СКопје , сончево, претпладне со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен претежно североисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.

 ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:  За викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во југозападните и јужните планинските предели. И во почетокот од работната седмица во попладневните часови се очекува локално зголемување на облачност и услови за појава на краткотраен дожд, претежно во југозападните делови.

 

 

Слични содржини