Најмалку 14 лица се загинати  4 п0вредени  и 8 приведени во синоќешната  железничка несреќа  на пругата Велес – Скопје, откако воз удрил во група од стотина мигранти. Не е исклучена бројката на загинатите и да е поголема, затоа што местото на несреќата е непристапен теснец,  кој се граничи со брег од едната и од другата страна бездна над реката Вардар. За сега не се пребарани водите на Вардар.

kalka-shimla_railway_at_night_in_solan_-_approaching_train

Несреќата се случила откако меѓународниот воз  Солун – Белград  налетал на стотина  мигранти кои седеле на шините, а пругата ја користеле како орјентир во правец на движење кон север и границите на ЕУ.  Повеќето се разбегале по ударот,  а на местото останале само 8 лица чии роднини загинале во несреќата. Истите биле однесени на информативни разговори во МВР. На теренот сеуште трае увидот на несреќата.   Тежок бил и пристапот на медицинските и спасувачките екипи кои во текот на ноќта стигнале со шинско возило дресина, а биле повикани и спасувачи од Дирекцијата  за кризи. Изутрината телата на загинатите се пренесуваат со товарен вагон, а претрагата на теренот сеуште е во тек. Мигрантите според првите сознанија потекнуваат  од Сомалија и Авганистан а пругата Велес-Скопје ја користеле како патоказ за да стигнат на север.

МВР најави официјални информации во текот на денот.

 

Слични содржини