Вечерва на сцената на Народниот театар во Битола ќе биде изведена претставата на Турскиот театар од Скопје, „Комедија на грешки“ во режија на Коле Ангеловски, дел од „Битола Шекспир фестивал“.

bitola-42-_1 (1)

„Комедија на грешки“ е една од најраните дела на Шекспир, изведена на 28 декември 1594 година. Таа е и најкратката комедија инспирирана од плаутовите Менхеми, но Шекспир го збогатил дејствието, кое се базира на забуните и грешките кои настануваат со промената на идентитетот на близниците. Таа е брза, скоро фарсична комедија, една од најиграните, преведувана на повеќе јазици, направени се мјузикли, опери, снимени се филмови и безброј различни интерпретации.

Слични содржини