Стапи во сила американско-рускиот договор кој предвидува прекин на борбите на два фронта во Сирија, но го исклучува градот Алепо, каде се интензивираат судирите.sirija1

– „Режимот на тишината“ синоќа во еден часот стапи во сила во источна Гута и на подрачјето северно од Латакија, со што е направен првиот чекор кон зајакнување на активното примирје, се наведува во соопштението на Командата на сириските вооружени сили.

Примирјето меѓу владините сили и бунтовничките групи стапи во сила на 27 февруари на иницијатива на САД и Русија, но беше прекинато последните денови, посебно во Алепо.

Договорот објавен вчера се однесува на  регионот Латакија, кој е под контрола на сириската армија и на источна Гута, во близина на Дамаск, кој е под контрола на бунтовниците

Слични содржини