На претседателот на Основниот суд Куманово му е одредена мерка притвор во траење 30 дена. Покрај него 30 дена притвор добија уште 6-мина од обвинетите. Основниот суд Скопје-1 се одлучил за оваа мерка бидејќи постоела опасност да се дадат во бегство,  околности кои укажуваат дека може да  ја попречуват кривичната постапка и страв да не го повторат кривичното дело. sudnica-4

На еден од осомничените му е одредена мерка куќен притвор, а едно лице е недостапно на органите на прогонот и е издадена наредба за приведување.

 Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, вчера, беа спроведени 11 лица, од кои дел осомничени за кривичните дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службена положба, а дел и за Изнуда, Лихварство и Криумчарење мигранти како и предлог од ОЈО за Организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување./Телма

Слични содржини