Кочија играчка, стара 5.000 години откриена е на детски гробишта во турскиот град Согматар. Археолозите веруваат дека ова е најстарата играчка на светот.


Се верува дека Согматар бил Мојсиев дом кога побегнал од фараонот. Ископините во градот открија горбници, додека на детските гробишта пронајдени се предмети кои даваат увид во тоа како живеела тогашната цивилизација.


Отворени се 45 гробници, меѓу кои три не се допрени од римско време. Тропалката која е ископана во 2014 година во градот Култепе беше сметана за најстара (4.000 години).

Водачот на археолошкиот тим кој работи во Согнатар, Целал Улудаг, вели дека ова е една од најважните ископини. Предметите ќе бидат префрлени во најголемиот комплекс музеи во Турција – Санлиурфа.

„Веруваме дека ќе пронајдеме уште поважни работи на ова наоѓалште“, рече Улудаг.

Слични содржини