Партијата Единствена Русија на претседателот Владимир Путин победи на вчерашните парламентарни избори со 54,3 отсто гласови. Тоа го покажуваат резултатите од преброени речиси 90 отсто гласачки ливчиња.putin

Со тоа, партијата ќе добие апсолутно мнозинство во парламентот.

Според оценки, Единствена Русија ќе добие најмалку 338 места од вкупно 450 во Државната дума. Следуваат две партии кои ги поддржуваат главните решенија на Владата во Русија – Комунистичката партија (14,9 отсто) и Либерално-демократската партија (15,1), наведуваат западни медиуми.

За првпат од 2003 година парламентарните избори во Русија се спроведени по двоен систем – 225 пратеници се бираа по пропорционален, а 225 по мнозински изборен систем во посебни изборни окрузи. з

Слични содржини