Бруто домашниот производ на Русија се зголеми за 0,6 отсто во минатата година, објави рускиот претседател Владимир Путин. Не дозволивме инфлаторна спирала и скок на невработеноста, додаде тој. Производството на нафта достигна рекордни 525 милиони тони.

article-2576339-1C20BDB400000578-226_634x457

Путин смета дека владиниот план во периодот на криза е внимателно обмислен и адекватно се одразува состојбата на економијата, иако можеше да се делува и побрзо. Според него активностите на владата и Централната банка по доделувањето на пари на банкарскиот систем и другите мерки се точни. Рускиот претседател не гледа никаква несреќа во бегството на капиталот од земјата. Тој посочи дека средствата на руските банки достигна 77 трилиони рубљи што го надминува БДП на земјата.

Во исто време буџетскиот дефицит достигна 3,7%, што според Путин е едно “прифатливо ниво”.

Проблемот не е во санкциите, туку во тоа земјата да почне да употребува совршени методи на управување на економијата, изјави Путин. “Ова не се однесува директно на настаните во Украина. Треба да ги исполнуваме Минските договори. Ние го правиме ова, а властите во Киев не брзаат. Прашањето не е само во санкциите, туку во тоа ние самите, во нашиот дом, во областа на економијата да примениме совршени инструменти за управување “, појасни Путин.

Русија е способна да се справи со сите закани, ако ја задржи консолидацијата на општеството, рече господарот на Кремљ. “Постојат многу закани кои не можеме да ги предвидиме”, призна тој. “Но, ако ја зачуваме одржлива внатрешнополитичка ситуација,ако ја зачуваме оваа консолидација на општеството, којајао гледаме, тогаш никакви закани нема да бидат страшни за нас”, истакна Путин.

Слични содржини