Разграбани над 825.000 билети за Пјонгчанг

од Vladimir Zorba

Организациониот комитет на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг реализира повеќе од 826 илјади продажби на билети за индивидуалните натпревари, пријавија агенциите. Тоа е 77 проценти од сите печатени билети и се очекува спортските арени да бидат полни во повеќето случаи.

„До 5 февруари се продадени 77.3 проценти од билетите. Тоа се 826 илјади. Генерално за спроведување на Олимпијадата се грижат 55.684 лица, откако речиси 15 илјади од нив се волонтери“, објавија организаторите.

Олимписките игри започнуваат на 9 февруари и ќе завршат на 25-ти.

Слични содржини