Румениге отсече: Хамес нема да оди во Реал Мадрид

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге стави крај на шпекулациите дека халфот Хамес Родригез ќе се врати во Реал Мадрид уште ова лето.

Како што е познато, двата клуба имаат договор за изнајмување кој го задржува Колумбиецот на „Алијанц Арена“ до 30 јуни 2019 година.

Хамес и новиот тренер на „белите“, Хулен Лопетеги имаат желба да започнат веднаш со заедничка работа, но баварците имаат друго мислење.

„Не треба да верувате во многу работи што се напишани во шпанските медиуми. Хамес ќе игра во Баерн и следната сезона“, рече Румениге

Слични содржини