Британскиот весник “Дејли експрес” тврди дека Русија започнува изградба на воздухопловна база во Сирија, наменета за воена акција против терористичката група “Исламска држава”.
Британското издание цитира американските воени извори, според кои претседателот Владимир Путин наредил да започне изградба на монтажни згради за 1000 војници и дури веќе била монтирана кула за управување на воздушниот сообраќај крај пристанишниот град Латакија.
Ако информацијата се потврди, САД и Велика Британија остро ќе се спротивстават на овој потег на Москва, кој се гледа како поддршка за режимот на Башар ал Асад во Сирија.
Во телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров американскиот државен секретар Џон Кери веќе изразил загриженоста на Вашингтон од евентуално воено ангажирање на Москва во Сирија.