Министерот за одбрана на САД Ештон Картер повторно ја критикуваше Русија за воената интервенција во Сирија.

AMER

“Русија прави фундаментална стратешка грешка, што го поддржува сирискиот претседател Башар Асад. Не сме се согласувале и нема да се согласиме да соработуваме со Москва, додека Кремљ не ја промени погрешната стратегија”, изјави Картер на воена конференција во Вашингтон.

“Русија користи политички, економски и воени средства за подривање на суверенитетот и територијалниот интегритет на соседните земји, игнорирајќи ги меѓународните правни норми и за да ја дестабилизира безбедноста во Европа. За да биде прекината изолацијата на Русија, треба да запре руската агресија во источна Украина и Москва да ги исполни обврските по Минск договори “.

“Како одговор САД и нивните сојузници од НАТО изработивме силен и стратешки балансиран пристап, разговаран неодамна во текот на мојата посета во Европа. Ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да се спротиставаме на непријателското и дестабилизирачко влијание на Русија”, додаде тој.

Слични содржини