СДСМ: Иванов веднаш да го даде мандатот

од desk3
Институциите и политичките субјекти во државата да бидат на највисоко ниво на одговорноста, за да се избере нова Влада во најбрзо време за да се создадат законски услови за орджување на локалните избори, повикаа од СДСМ.

Ѓорге Иванов треба веднаш да го даде мандатот за формирање Влада. Постои Програма на реформската Влада што ја гарантира унитарноста на Р.Македонија, работа според Уставот и во интерес на евро-атлантските перспективи. Ќе има и реафирмирање на овие стратешки определби, со цел да се разбијат до крај оправдувањата поради коишто Иванов и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат демократските процеси, а тоа се одразува штетно врз граѓаните, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Според нив оваа практика на свесно кочење на демократските процеси во заштита на Никола Груевски и неколкумина негови соработници од соочување со правдата, оди на диреткна штета на граѓаните, кои чувствуваат штети врз нивните семејни буџети, а од понеделник голем дел од грaѓаните во општините ќе останат без плати и потребните општински услуги.

Никакво лицемерно лицитирање со датуми не е решение. Решение е да се даде мандатот, претседателот Заев да ја формира новата Влада и да се договори датумот за локалните избори, стои во соопштението на СДСМ

 

 

Слични содржини