СДСМ доставила предлог со кој смета дека многу лесно ќе се решат прашањата за медиумите и Избирачкиот список, изјави потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

24950mala

Тие се подготвени да отстапат од своите забелешки во однос на методологиите за прочистување на Избирачкиот список ако останатите партии ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА го прифатат предлогот за медиумите на меѓународната заедница односно на белгискиот посредник Питер Ванхауте.

– Прочистувањето на Избирачкиот список и реформата врз медиумите се основен предуслов за фер и демократски избори. Ако ова не е прифатливо за ДПМНЕ и останатите учесници во преговорите, тогаш тие не сакаат во Македонија да имаме фер и демократски избори, изјави Манчевски.

 

Слични содржини