– Опозициската СДСМ денеска ги повика жителите на Општина Центар да гласаат на референдумот за зачувување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар (ГТЦ), закажан за в недела.

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, на прес-конференција рече дека Градскиот трговски центар е симболот на модерно Скопје и апелира на референдумот да се даде поддршка за зачувување на неговиот автентичен изглед.

Манчевски ги повика и членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ од Центар да гласаат за зачувување на изгледот на, како што рече, нашиот заеднички ГТЦ.

– Ова не е борба против вас. Овој референдум е наша заедничка борба за нашиот Центар и нашето Скопје. На референдумот во недела особено се значајни вашите гласови, рече Манчевски

Слични содржини